5454634057?profile=RESIZE_400x 

 

 

КРАТКА БИОГРАФИЈА СО БИБЛИОГРАФИЈА НА МИЛИЦА ПАУЛУС - ДИПЛОМИРАН ПИСАТЕЛ И ЛИТЕРАТУРНО ПИШУВАЊЕ -  ВО ГЕРМАНИЈА

Милица Паулус е родена во Кавадарци. Таа завршила средно медицинско училиште како акушерка и медицинска сестра и  студирала компаративна книжевност, а подоцна дипломирала и  како писател и литературно пишување на Гете универзитет во Германија.

Милица Паулус е писател, поет, амбасадор на македонската литература во Македонија и во светските рамки, колумнист, есеист, публицист, драмски автор, литературен критичар, литературен агент, промотор, рецензент, организатор и спонзор  на литературни манифестации во Македонија, уредник на антологии, двигател и мисионер на македонската литература и мотиватор за пишување и читање, како на возрасните, така и на младината и на децата.

Милица Паулус,  е пријавена во Германија, како самостален писател и е куќен писател на  познатата издавачка куќа - персимплекс- Таа пишува двојазично, на македонски и на германски јазик.

Организатор е на повеќе од 100 литературни манифестации од кои голем број се и меѓународни.

Промотор и рецензент на повеќе од 150 книги.

Од април 2015 година е член на здружението на писатели „Манускрипт“ во Скопје.

Во текот на своето работење, учествувала во реализацијата на многу литературни раборилнци и проекти - домашни и меѓународни, како координатор и мотиватор.

Учествувала на домашни и меѓународни литературни конференции и читања во земјата и во странство.

Во 2012 година читала поезија во - Колеџ на Франција- ( College de France)

Нејзини трудови се објавени во многу меѓународни зборници и списанија. 

Учествува на многу меѓународни конференции и конгреси во земјата и странство а нејзините трудови се објавени во преку 40 зборници и меѓународни списанија.

Активно учествувала на - меѓународни саеми на книгата во франкфурт, Софија, Париз,Белград и Загреб.

Добитник е на многу сертификати, пофалници, благодарници, дипломи, плакети, како и на еден орден (неколку се и меѓународни) од кои може да се издвојат:

- Платинеста плакета (меѓународна) подржана и доделена од почесниот конзул на БиХ.

- Златна плакета за афирмација на македонската литература во домашни и светски рамки , доделена од академијата -Еуроарт-

- Златна плакета - амбасадор на македонскиот јазик- доделена од здружението за обединување на македонската култура - Македонски вознес-

- Златна плакета (меѓународна - Србија) доделена на меѓународниот фестивал - Месопотамија- за поезија.

- Златна плакета за целокупниот творечки опус, доделена од здружението за обидинување на македонската култура - Македонски вознес-

- Гран При награда за кус научен труд, доделена од академијата - Еуроарт -

- Гравитација - прва награда  за книгата - животот е поезија - доделена од - здружението на наука и култура - Нова-

До сега има напишано преку 45 книги проза и поезија- за возрасни, младина и деца и има учествувано во 25 антологии, а самата таа е уредник на 15 антологии.

Заедно со професорот Лозаноски напишале едно научно дело за Крсте Петков Мисирков и за македонцките работи.

Неколку нејзини дела напишани на македонски јазик:

- Парче љубов

- Душата зборува

- Животот е поезија

- Поетска одаја

- Трн и свила

Неколку нејзини дела напишани на германски јазик, кои беа најчитани во Германија во 2016 година на порталот - love books:

- Roxana  ( раскази за деца од предшколска и   рана школска возраст, а книгата е преведена на десет јазици)

- Königstochters Träne ( сказна за деца од предшколска и школска возраст)

- Das unheimliche Schloss Samira ( роман за младина)

Сите нејзини дела напишани на германски јазик

и издадени во Германија се наоѓаат во продажба во книжарите и во електронските портали на интернет.

 

МИЛИЦА ПАУЛУС

СВИЛЕНА КОШУЛА

 

Знаев, дека ќе дојдеш!

Облеков свилена кошула,

нашминкав ми очите луди

нацрвив ми усните меки

и запалив свеќа љубовна.

Да беше јаболко

ќе го скинеше!

Да беше јоргован

ќе го помирисаше.

Ама,

штотуку разиграните јазици,

тие горат, печат, силни се тие!

Еј, ти ! Еј ди ди лудо,

лудо и шарено!

Те изедов со погледот

вџашен на твојата

раскомотена прегратка.

Те чекав да ми пријдеш.

Јас, така легната

со разголени гради,

со насмевка во очите

и среќа во срцето.

И, кога ти ја дофати

милоста моја,

ми ја подари машкоста твоја!

Таа по која чемреев,

за која копнеев

и на која се радував!

Ми покажа,

како се мачка љубовта

и како се пие

од нејзините извори!

Ме направи среќна жена,

па макар и само за тогаш!

Еј, ти!

Вечерва,

повторно ќе облечам

свилена кошула!

 

 

 

 

 

 

 

E-mail me when people leave their comments –

You need to be a member of vocealiterara to add comments!

Join vocealiterara

Cometarii

This reply was deleted.