Poezii de Milica Paulus, Macedonia

8151751857?profile=RESIZE_400x

 

КОЛКУ Е УБАВО ДА СЕ САКА

 

Мојата љубов,
оросена во широки прегратки
и вкусна како бадеми во мед,
ја насликувам во сите страсни бои.
Колку е убаво да се сака !
Да се биде господар
на убавината нејзина
и уметник на својата душа.
Изгрева насмевката моја секое утро,
кога слатки бакнежи ти нудам.
Сега знам,
колку е убаво да се сака.
Го сакам твојот убав сон ,
а ние во него.
Го сакам твојот таинствен поглед
кој ги оплодува нашите желби,
а ти ме заведуваш лудо.
Излеј ме во очите твои!
Те сакам, слушаш ли!
Шепни му на времето да не брза.
И донеси ми црвено вино
со вистината на две срца,
ете тука ,
во гнездото на привлечноста.
Знам, колку е убаво да се сака.
Тоа се зборови од бисери,
на герданот од нашите чувства .
Ти ќе зборуваш ,
а јас ќе ја напишам
песна од бакнежи,
место со букви.
Нека се роди сонце на љубовта .
Убаво е кога се сака!

 

ИСПЛАНИРАНА СЛУЧАЈНОСТ

 

Кога за прв пат
твојата рака,
случајно
ја допре мојата,
а погледот
случајно ми забегна,
се случи се случајно.
Посакав да сум гостин
на твојата машкост,
посакав да сум
црвено вино
во твоите усни,
да бидам бисер
во твоите очи
и за секогаш,
капка опивна крв
во твоето срце.
А, ти си зачекорил
на кај мене,
без
и најмалото колебање.
Само, за да можам
сништата во јаве
да ги претворам,
да те здогледам
одма штом
очи ќе отворам,
и место вода
сокот на твоите усни
да го испијам.
Твојата љубов
нека биде поток
што тече од рајот,
со многу светлина
и страшно
зголоема топлина.
Знам
дека сакам нешто,
што никогаш нема
да биде мое
ама ,
многу го сакам!
Сакам,
разиграно
да ти ги допирам
табаните
на твоите нозе
со моите
и да си играм,
ете така
ненаметливо
со врвот на
прстите од
твоите раце.
А, крајот нека биде круна
со многу леснотија
и убавина
така,
како што ти сакаш.
Мене ми е најубаво,
кога ти недостасуваат
моите будалештини.
А бре ѓубре те сакам,
разбра ли веќе еднаш ?!

 

СВАДБЕН ЅВОН

 

Ко вчера да беше.
Бевме млади,
неискусни и наивни.
Беше пред многу лета.
Одамна беше, знам!
Дојдов,
на твојот свадбен ден.
Твоите очи немаа сјај!
Погледот
ти беше заскитал.
Лицето без руменило.
А ти, ко божем да чекореше
во поворка за погреб.
Чинев,
ништо не мирисаше на љубов!
Како страдник те видов.
Со свената насмевка
и наведната глава,
помина покрај мене.
Го слушнав твојот копнеж.
Тој, што дишеше
само накај мене!
По вечната љубов твоја,
по која чмаат
и сувите лисја
и целата шума.
Се случи пред повеќе лета.
Ко вчера да беше.
Немаше нигде ,
ни во најдлабоките води,
толку многу лач
за неспокојство,
како во нашите души.
Минеа ноќи, знам.
И после нив,
долго слушав
далечен свадбен звон.
Твојот свадбен ѕвон,
кој ѕвонејќи,
ни ги скрши срцата
за секогаш.

Voturi: 0
E-mail me when people leave their comments –

You need to be a member of vocealiterara to add comments!

Join vocealiterara

Cometarii

This reply was deleted.